Преку интернет-продажбата што започна на 16 декември заклучно со 10-ти јануари на холандскиот пазар  се продадени 1.260 пакет аранжмани за Охрид и Струга. Дополнителни 300 пакет аранжмани се продадени на саемот во Утрехт што започна на 11-ти и ќе трае до 16 јануари, информира Дончо Танески од хотелската асоција на Македонија

– Од првиот ден на саемот „Корендон“ продава повеќе дестинации меѓу кои меѓу ударните седум е и Македонија. Многу не радува податокот што продажбата за македонскиот туристички производ е на второ место, веднаш по Турција, а пред Египет, Бугарија, Грција и останатите дестинации. истакна Танески кој се се наоѓа на Меѓународниот саем за туризам во Утрехт.

Како што информираше OhridNews, тур-операторот „Корендон“ –интернационал преку своето претставништво во Холандија направи фиксен закуп на капацитети во девет хотели на охридско-струшката ривиера, каде во периодот од 6 мај до 18 октомври идната година ќе престојуваат туристи од Холандија и земјите од Бенелукс. Аранжманите ќе се реализираат со два чартер лета неделно на охридскиот аеродром. Очекувањата се дека ќе бидат исполнат 90 отсто од авионските места и закупените капацитети, односно во Охрид и Струга ќе престојуваат над 7.000 гости кои ќе остварат 51.000 ноќевања.

OhridNews