Од ХОТАМ истакнуваат дека доколку интересот за Македонија на холандските гости продолжи со оваа темпо, отворена е можноста покрај предвидените два лета седмично од Холандија за Охрид, да се воведе и трет чартер-лет, односно закуп на дополнителни аранжмани.
За гостите од Холандија во тек е изработка на брошура со информаци, ценовник на услугите во угостителските објекти, се одбира најповолна понуда за препорачан такси-превоз во градот, список на угостителските објекти во кои холандските гости ќе имаат повластен третман. Воспоставен е и контакт со „Заводот и музеј – Охрид“ за што побројна и организирана посетеност на културно-историските знаменитости до Охрид и Струга за странските гости.
Неодамна потпишаниот договор на дел од охридските и струшките хотелиери со „Корендон“ беше прв договор од таков вид. Според договорот за фиксен закуп потпишан меѓу охридските хотелиери и холандската филијала на „Корендон“, во девет хотели од охридско-струшкото крајбрежје организирано во периодот од 6 мај до 18 октомври идната година ќе престојуваат туристи од Холандија и земјите од Бенелукс.