Арбитарот Ундијано Маленко е најголемото засилување на Жозе Мурињо по доаѓањето на клупата на Реал Мадрид тврди каталанскиот дневен весник “Спорт“.


Каталонците изброиле дека во досегашниот дел од првенството на Реал Мадрид му се досудени шест пенали во 18 натпревари. Четири од тие шест пати покажал Маленко меѓу кои и последниот контроверзниот на натпреварот со Леванте.


По пензионирањето на Мехуто Гонзалес, “заслилувањето“ на Реал Мадрид, Ундијано Маленко е “прва свирка“ во Примера Дивизион. Тој ја делеше правдата на светското првенство во кое триумфираше неговата репрезентација Шпанија.

M.П.