Во организација на Општина Охрид и Стопанската комора на Македонија, денес, во малата сала на Општина Охрид , со почеток во 11 часот, ќе се одржи презентација на арбитражното решавање на споровите.

Присутните ќе имаат можност да ги продлабочат своите познавања и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите.

На презентацијата ќе бидат објаснати предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови, признавањето и извршувањето на арбитражните одлуки, како и други актуелни прашања поврзани со постапката пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Презентациите ќе бидат одржани од страна на претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража, проф. д-р Арсен Јаневски и членови на претседателството на Арбитражата.

OhridNews