Репрезентацијата на Аргентина забележа минимална победа над Бразил (1-0) во контролниот натпревар кој двете селекции го одиграа во Саудиска Арабија.

Лутите ривали од Јужна Америка истрчаа со комбинирано но јаки состави а разликата ја направи Лионел Меси. Асот на Барселона постигна погодок во 14-та минута кој на крајот се покажа доволен за победа.

Слободниот термин за одигрување на контролни средби го искористија Унгарија и Уругвај. Мечот заврши во корист на уругвајците со 2-1.

OhridNews