Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на цитаделата на локалитетот Самуилова тврдина.

По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, започнавме со доистражување на остатоците од објектот од XIX век кој најверојатно е еден од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег, велат од НУ Завод и музеј Охрид.

Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудоски, виш кустос од Завод и Музеј – Охрид.

OhridNews