По повод празникот посветен на светиот пророк Илија во недела, 2 август, во храмот „Св. пророк Илија“ во с. Лактиње, со почеток во 08:45 часот, ќе биде извршен чин на преосветување на храмот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
По осветувањето, посочуваат, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Со голема духовна радост ги покануваме сите благочестиви верници со своето присуство да земат молитвено учество во ова големо духовно торжество и заедно да го прославиме споменот на светиот славен пророк Илија, посочуваат во соопштението.
OhridNews
фото. ДКЕ













