„Дневниот центар за деца со физички и ментални попречености во Охрид“ е темата на која се одржува Ротари семинарот за млади архитекти во Охрид. Семинарот е во рамки на Инетркантри Комитетот помеѓу Македонија и Турција, односно помеѓу македонските и турски Ротари клубови.

Правиме неколку решенија за Дневниот центар кој треба да биде сместен во просториите на поранешната касарна во Охрид.Тие решенија јавноста ќе може денес да ги погледне со почеток во 17.30 часот во просториите на Касарна Хаб. Ќе видиме понатаму преку фондовите на Ротари Интернешнал, дали може, ќе се обидеме сите клубови кои сме на овој семинар да добиеме средства преку Ротари фонадацијата да се изгради тој центар, вели Бујар Муча, член на Ротари клуб Скопје Камен мост и координатор од македонската страна на Интеркантри Комитетот.

Додава дека станува збор за трет по ред семинар кој оваа година се одржува во Охрид, а на истиот има студенти и ментори од Србија, Македонија и Турција.

Н.С.Ј.