Училиштата во Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа се целосно во штрајк, изјави претсетдателот на регионалниот одбор на СОНК Неби Арифи.
Вели мал е процентот на вработени во градинките, кои се со договори на определено време, што не се во штрајк и се грижат за децата во згрижувачките установи.
Во Струшко- дебарскиот регион, тука спаѓаат и Вевчани и Центар Жупа се штрајкува 98-99 отсто. Мал е процентото на оние што се со договор на дело и што не се во штрајк. Целосно е парализирана наставата и родителите и децата овој пат како никогаш досега се солидарни со нас. Можам да кажам дека штрајкот е успешен 100 посто, изјави Арифи.
Забележа дека вчера имало во едно училиште во Струга, каде почнале со часови, но денеска и тие не биле на настава.
Колегите се на работните места, но настава нема. Децата во градинките се згрижени, истакна Арифи.
OhridNews