24-та Годишна конференција на Македонска берза ќе се одржи во Охрид во периодот од 25 до 27 септември на којa врвни експерти од Македонија и регионот ќе ги споделат своите знаења и искуства од индустријата.
Програмата ќе опфати презентации и дискусии на повеќе значајни теми како македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, важноста на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и ревизија и трендовите во дигиталната трансформација на компаниите.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриeска Кочоска, претседателот на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази и главниот и извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.
По кратко боледување во 63-та година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис Илоски е роден на 23 јануари 1963 година Долги години успешно се зан...
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд Ќе дува умерен, а попладне наместа повреме...