Писмото е многу добро, препорачувам добро да се прочита и анализира и ќе се разбере дека е во интерес на Македонија, изјави пратеникот од Охрид Љубен Арнаудов кој денес присуствува на продолжението на судењето за настаните од 27 април.

  • Сите заедно го напишавме писмото, анализирајте ја декларацијата и ќе видете дека има паметни луѓе кои и сакаат добро на Македонија. Никој не е предавник. Не е точно дека ни се нудени пари, ништо не е ветувано, рече Арнаудов.

Претходно во изјава за ТВ 21, свое објаснување за тоа зошто гласал за уставни измени даде и пратеникот Сашо Василевски.

  • Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон, рече Василевски.

Пратениците кои гласаа деновиве се под 24 часовна полициска заштита.

OhridNews