– Ние учествуваме во организацијата на манифестацијата, а околу црковната работа сами видовте имаше некое незадоволство, бидејќи Владиката одлучи поблиску да го фрли крстот, како што и направи, но ние не се мешаме во црковните работи, ние се грижиме за организацијата- изјави Арнаудов.
И годинава фрлањето на крстот предизвика различни реакции во јавноста, од тоа дека се фаворизираат одредени тајфи, до тоа дека овој чин е свет и нема никакви нечесни работи. Поискусните капачи велат дека дел од момчињата кои скокаат по крстот специјално се подготвуваат за овој чин во текот на целата година и многу подобро се снаоѓаат во студените води од другите и дека затоа изгледа наводно дека некој се форсира. Можеа да се слушнат и коментари дека црквата треба многу подобро да го организира чинот на фрлање на крстот, со тоа што сите капачи ќе тргнат заедно од брегот, со што според многумина ќе се избегнат несакани сцени кои предизвикуваат силни реакции во јавноста како што тоа беше случај и оваа година.