– Контролите покажуваат дека градежните работи се изведуваат согласно планот за работа. Привиден застој има, затоа што беа откриени проблеми во однос на статиката на објектот, односно кога се руши дел од објектот, се увиде дека носечките столбови воопшто немаат арматура според стандардите, ниту потребна дебелина на железо. Затоа беше направена нова пресметка со цел тие одново да бидат изградени онака како што треба за објектот да биде целосно стабилен и сигурен. Се градеа и нови плочи, столбови. Верувам дека тоа е причината што, според некои, изгледа дека има застој во градежните работи за што тврдам дека не е точно, вели Арнудов.
Активностите за реконструкција на болницата започнаа на 1- ви септември 2010 и како што се потенцира, согласно договорот меѓу владата како инвеститор и Европската унија, која преку кредит го финансира проектот, нема да траат подолго од 16 месеци. Се очекува новите простории да започнат со работа кон крајот на 2011, односно почетокот на 2012 година.
Инаку, вчера од страна на ОО на СДСМ беше поставено прашање до кога Охрид и охриѓани ќе бидат без болница и без соодветна здравствена заштита. Од таму побараа одговор на прашањето зошто се прекинати градежните работи на изградбата на болницата.