Се она што беше презентирано како визија во изминативе години, ВМРО ДПМНЕ успешно го имплементираше, ветеното стануваше реалност, дадениот збор беше одговорност, одговорност и кон нашите граѓани и кон нашата држава. Таквиот принцип на работа останува и денес, но продолжува и утре, токму тука лежи успешноста на ВМРО ДПМНЕ, во посветеноста кон потребите на граѓаните и на зачувување на националните интереси на нашата држава, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник д- р Љубен Арнаудов.

– Како резултат од ваквиот принцип на работа на ВМРО ДПМНЕ, гордо можеме да застанеме и да ги прикажаме досегашните успеси во сите сегменти од нашето општество, опфаќајќи ги различните области од економија и финансии до земјоделство и образование, од администрација, до туризам, култура и спорт,здравство, до секој домен на делување на една модерна држава, каква што денес ја гледаме Македонија. Поради тоа би сакале да се осврнеме кон ветувањето на намалување на невработеноста, рече Арнаудов.

Арнаудов додаде дека во 2013 година стапката на невработеност во Македонија е намалена на 28, 6 посто, што воедно преставува и историско најниско ниво во последниве 17 години. Македонија е единствената земја во Европа која забележа намалување на невработеноста во услови на светска и европска криза.

Кандидатот за пратеник д- р Арнаудов потенцира дека во однос на процентот на невработеноста ВМРО ДПМНЕ продолжува да се стреми кон намалување на невработеноста на ниво од 22 посто во текот на следниот четиригодишен мандат и креирање на најмалку 64 илјади нови работни места.

– Друг значаен сегмент беше донесување на Закон за минималната плата со кој минималната плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена со полно работно време и со исполнет нормиран учинок.Висината на минималната нето плата која изнесува 8050 денари укажуваме дека ќе се зголеми со износ од 10800 денари.Од друга страна ВМРО ДПМНЕ се залага за зголемување на платите и пензиите на граѓаните на Република Македонија. Секоја година по 5 посто достигнувајќи пораст над 20 проценти, рече Арнаудов.

Како најзначајни досега реализирани проекти во областа на здравството Арнаудов ги наведе проектот Мој термин, проектите  за целосна изградба или реконструкција на болници, меѓу кои и предвидениот во Охрид-проектот за целосна реконструкција на специјалната болница „Св. Еразмо“.

Арнаудов потенцира дека низ многуте примери што се е спроведено и што треба да се спроведе, ВМРО ДПМНЕ укажува дека оди напред кон градење на една модерна држава и дека ВМРО ДПМНЕ преставува единствена политичка опција за сите граѓани на Република Македонија.

OhridNews

Митровиќ: Има разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ