Принудната пауза во светскиот ракомет поради пандемијата на коронавирусот означи крај на кариера на Арпад Штербик. Поранешниот голман на Вардар се збогуваше и рече дека мечот со Татабања бил официјален натпревар во богатата кариера.

Оваа одлука е многу тешка за мене. Искрено, ми беше тешко пак да се активирам и да бранам по долга пауза. Мислам дека дуелот со Татабања е последен за мене. Жалам што ќе ме нема на уште еден Ф4-турнир во Лигата на шампионите. Сакав да се борам за уште една европска титула. – изјави Штербик.

Великанот помеѓу стативите беше дел од првата златна генерација на Вардар, која во 2017 година стигна до титулата во Лигата на Шампиони. 41-годишниот Штербик во текот на кариерата ги носеше дресовите на Југовиќ, Веспрем, Суидад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.

OhridNews