Екипата на Арсенал го промовираше Николас Пепе, кој на стадионот „Емирати“ се пресели од францускиот прволигаш Лил.

„Топчиите“ за ангажманот на Пепе издвоија 80 милиони евра што преставува рекорден трансфер во историјата на клубот. Пепе потпиша петгодишен договор со Арсенал и ќе заработува пет милиони евра по сезона.

  • Се работи за крилен фудбалер кој е многу квалитетен. Многу екипи беа заинтересирани за него и многу се радуваш што успеавме да го донесиме. Сметам дека со неговото ангажирање го направивме клучниот потег во летниот преоден рок. – изјави менаџерот Унаи Емери.

Со трансферот во Арсенал, Пепе стана најплатениот афрички фудбалер симнувајќи го Ријад Марез од врвот кој за 68 милиони евра од Лестер се пресели во Манчестер Сити.

OhridNews