– Едно знам дека сите ќе го поздравиме новиот шампион во Премиер лигата. Тоа е традиција која долги години се негува, така ќе биде и сега. За односнот на навивачите спрема Робин ван Перси неможам да гарантирам бидејќи сите не повреди кога се пресели во Манчестер Јунајтед – истакна Венгер.
Во 2001 година Арсенал токму со победата над Манчестер Јунајтед 1-0 на Олд Трафорд стигна до титулата во Англија, навивачите на “ѓаволите“ тогаш со громогласен аплауз ги поздравија шампионите.