Водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал на Олд Трафорд од Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз сезонава на гостински терен и тоа со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за „црвените ѓаволи“ беше Роби ван Перси во првиот дел.
После победата во дербито „бебињата“ се искачија на петтата позиција и полека го пребродуваат лошиот старт во новата сезона додека „топчиите“ паднаа на првиот шампионски тест сезонава.
Резултати : Мен Ју – Арсенал 1-0, Тотенхем – Њукасл 0-1, Сандерленд – Мен Сити 1-0, Свонси – Стоук 3-3.
Мх.П.