Англискиот премиерлигаш Арсенал го претстави Мартин Одегард како нов фудбалер. Норвежанецот на „Емирати“ се пресели од Реал Мадрид. Одегард ќе помине шестмесечна позајмица, а „топчиите“ ќе немаат право да го откупат договорот после завршувањето на сезоната.

Разговорот со Артета пред да дојдам во Арсенал беше клучен. Важни ми беа неговите замисли и цели за следните шест месеци. Со нетрпение ги очекувам мечевите од Премиер лигата. – изјави Одегард.

Норвешкиот репрезентативец го задолжи дресот со број 11, кој до неодамна го носеше германскиот фудбалер Месут Озил.

  • „Ѓаволите“ нема ништо да купуваат во зимскиот преоден рок

Манчестер Јунајтед нема да ангажира нови фудбалери во зимскиот преоден рок. Предводникот на „црвените ѓаволи“, Оле гунар Солскјер изјави дека има квалитетни фудбалери и ќе се фокусира да го извади најдоброто од нив.

Тренираме напорно и воопшто не се интересираме за зимскиот преоден рок. Шанси за доведување на нови фудбалери се многу мали. – изјави Солскјер.

Клубот од „Олд Трафорд“, најверојатно ќе се ослободи од Маркос Рохо, кој ќе замине во Бока Јуниорс и Џеси Лингард кој биде позајмен на Вест Хем.

OhridNews