Артан Груби од ДУИ, повторно укажува дека блокирањето на Собранието на РМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ може да трае подолго време. Гостувајќи во емисијата „200“, како што пренесува телевизијата Алсат М, Груби вели дека кризата во Собранието може да трае подолго од очекуваното, дури можеби и неколку години.

„Могу пораки од Брисел беа упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата,  да не се држат во заложништво граѓаните. Но, тие се оглушуваат на апелите. Ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години. Ова пракса ја користеа и СДСМ и ДУИ. Ви текнува кога г.Талат Џафери го блокираше законот за “бранителите“ со недели?”, изјави Артан Груби од ДУИ.

OhridNews
извор: Макфакс/Алсат М