Артефакти од Плаошник, Самоиловата тврдина, Енгелана- Киклопските ѕидини, пронајдени во текот на 2011 година, ќе бидат дел од изложбата која вечерва во Музејот на Македонија во Скопје ќе ја отвори министерот за култура Елизабета Канческа- Милеска.
Во рамки на изложбата ќе бидат прикажани вкупно 3500 артефакти пронајдени во текот на годината на 18 археолошки локалитети низ Македонија.
Изложбата се организира по петти пат.











