Центарот за културен проток “АРТерија” – Охрид, продолжува со циклусот изложби.

” Овој пат, го продолжува месечното дозирање со “мултивит”, заедно со Соња Димовска од Скопје , која ви препишува 1000 мг витамински графики, богати со надреални и интимни нарации, корисни за убави соништа и фантазија, со одлично дејство за претстојните пролетни денови.


… МултивитАРТизацијата ќе се врши во галеријата „Робевци“ – Охрид, утре, 19- ти март, во 19:30 часот.

*забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот. 😉 “

OhridNews