Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Рон Артест за момент потсети на старите денови кога “лудуваше“ по теренот. На мечот со Оклахома, Артест со лакто го удри Харден откако постигна кош со забивање. По прегледувањето на снимката, очекувано Артест беше исклучен од натпреварот.


Мх.П.