Составот на Арсенал го освои рекордниот 14-ти трофеј во ФА Купот, откако во финалето на „Вембли“ со 2-1 го совладаа градскиот ривал Челси. „Топчиите“ турбулетната сезона ја завршија со трофеј, кој според менаџерот Микел Артета е од големо значење за клубот резултатски и финансиски.

Не сакав да правам дополнителен притисок на играчите, кои знаеја што значеше ова финале за нас. Сакав да победиме и да се пласираме во Лигата на Европа. Успеавме во целта и можам да кажам дека сезоната ја завршивме на најдобар можен начин. Титулата од ФА купот ќе ни даде елан за следната сезона, а настапот во Европа ќе биде значаен за нашиот буџет и улогата на трансфер пазарот. Играчите се слободни да се одморат и да ја избистрат главата, исто и јас заминувам на одмор со мислите комплетно насочен кон мојата фамилија. – изјави Артета.

Арсенал заедно со Тотенхем и Лестер ќе бидат претставници од англиската Премиер лига во Лигата на Европа. Во Лигата на Шампиони пласман обезбедија Ливерпул, Мен Сити, Мен Ју и Челси.

OhridNews