По повод 50 години од скопскиот земјотрес…

Со цел преку станбено-деловни објекти со подобра асеизмичка стабилност да се зголеми сигурноста и безбедноста на граѓаните на Скопје и Македонија, „Адора Инженеринг“ на уникатен начин се вклучи во одбележувањето на 50 годишнината од скопскиот земјотрес.

Во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, градежната компанија во јули, на станбена десеткатница на „Адора“ во Скопје, Аеродром, Ново Лисиче стабилноста на зградата научно ја потврди со „вештачки земјотрес“ со јачина од 5,5 степени по Европската макросеизмичка скала, од што објектот немаше никакви оштетувања, ниту пукнатини. Со вакво испитување, прво и засега единствено во самостојна Македонија иницирано од приватна градежна компанија, објеките на „Адора Инженеринг“ кои се градат по иста методологија со градежни материјали со врвен квалитет, добија „асеизмички пасош“, како гаранција за стабилноста на становите и мирен сон на станарите.

 „Адора Инженеринг“ тестирањето го реализира во рамките на „Скопје се сеќава“ и 50 годишнината од скопскиот земјотрес, да се спомнат жртвите и да се испрати порака никогаш да не се повтори ваква катастрофа.

OhridNews