Заврши асфалтирањето на 3 краци од улица „Питу Гули“. Денеска беше завршен крак од ул. “Марко Нестороски” кон “Питу Гули”. Со ова се подобрени условите за жителите од овој дел на градот, информира локалната самоуправа.
Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште, напиша на фејсбук профилот градоначалникот Константин Георгиески.

OhridNews












