– Реконструкцијата на патот се изврши со средства од Агенцијата за државни патишта, но ова е само еден од ветените проекти во изборната програма за подобрување на животот на жителите во општината, изјави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Трајкоски информира дека средствата наменети за реконструкција и асфалтирање на патиштата во Дебрца, за 2013 се зголемени за 2,5 милиони денари, односно буџетот за реализација на проектите од областа на инфраструктурата во општината изнесува 6 милиони денари.