Целосно се асфалтирани двата надворешни паркинг простора пред влезот на ЈЗУ Општа болница Охрид, просторот пред Инситутот за Јавно здравје и Одделението за Инфектологија, паркинг просторот од споредниот влез на болницата (стара зграда за ТБЦ), паркинг просторот во внатрешноста на болницата како и улицата која води кон економската зграда, информираат од Болницата.
Посочуваа дека санирани се и сите ударни дупки на главната улица која поминува низ болницата.
Со овој голем зафат значително се менува ликот на ЈЗУ ОБ Охрид која чекор по чекор ја добива сликата која ја заслужува најголемиот туристички центар во Република Македонија. Во наредниот период следува комплетно доуредување и маркирање на просторот за паркирање надвор и во болницата и решавање на овој децениски проблем.

OhridNews













