Реконструираната улица „АСНОМ“, е прва сообраќајница во градот, што речиси по цела должина ќе има велосипедски ленти во двата правци.

Велосипедските ленти на „АСНОМ“ се обележани, како и дел од хоризонталната сигнализација, што и дава модерен изглед на оваа сообраќајница.

Сепак, како и на другите улици во градот каде има велосипедски ленти, и на оваа сообраќајница се чини најголем проблем ќе биде паркирањето возила на коловозот.

Дали и „АСНОМ“ ќе добие столпчиња кои ќе ги штитат велосипедистите од неодговорните возачи, или  полицијата ќе ги засили контролите со цел подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот на оваа исклучително фреквентна улица, останува да се види по целосното завршување на обележувањето.

OhridNews