Познати се финалистите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. За шампионскиот пехар ќе се борат бранителот на титулата АСП ПАК и Хотел и спа Инекс Олгица.
Во првото полуфинале, АСП ПАК со сигурна игра ја совлада екипата на Златара Бени Ерол со 3:1 и повторно избори место во големото финале.
Уште поубедлива беше екипата на Хотел и спа Инекс Олгица, која со високи 5:0 го совлада тимот на Др. Баткоски и на импресивен начин обезбеди пласман во завршниот натпревар.
Завршницата на турнирот ќе се одигра во недела, 12 јули. Програмата започнува во 21 часот со натпреварот за третото место, во кој ќе се сретнат Златара Бени Ерол и Др. Баткоски. Големото финале е закажано за 22:30 часот, кога за шампионскиот трофеј ќе се борат АСП ПАК и Хотел и спа Инекс Олгица.
Се очекува спектакуларна завршница на едно од најпрестижните спортски случувања во регионот, кое и оваа година привлече голем број екипи и бројна публика на спортскиот терен во Мешеишта.
Љубителите на фудбалот кои нема да бидат во можност натпреварите да ги следат во живо од трибините во Мешеишта, ќе можат тоа да го направат низ директнио на платформите на Охридњуз и официјалната Фејсбук страница на турнирот „Петровден – Мешеишта“.
OhridNews

















