И оваа година како и минатата екипите на АСП Пак и Кадмо ќе ги одмерат силите во финалето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2016“.


Полуфиналните пресметки на меморијалот „Лескоец 2016“ понудија многу голови и возбудувања. АСП Пак со 8-3 го совлада тимот на Бел Мерцедес додека Кадмо со 5-0 триумифираше против Мистер И.

Бел Мерцедес добро со два погодоци го отвори мечот по што следеше будење на шампионот кој комплетно го сврти резултатот и на крајот забележа висока и лесна победа 8-3.


Кадмо со сигурна игра и четири голови на Александар Далчески го скрши составот на Мистер И кој покажа солиден отпор во полуфиналето.


Битките за медали на меморијалниот турнир „Лескоец 2016“ ќе се одиграат во петок. Натпреварот за третото место започнува во 20:30 часот, а големото финале на програмата е во 22 часот.

Фото: Емилио
OhridNews