Екипата на АСП ПАК втора година по ред е победник на турнирот во мал фудбал „Вевчани 2016“. Во финалето што се одигра вечерва во преполната сала во Вевчани, АСП ПАК ја совлада екипата на Бел Мерцедес по изведувањето на пеналите со 4:3, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 2:2.

АСП ПАК го отвори подобро натпреварот и поведе со 1:0 со голот на Кочоски. Но, оттогаш започна доминацијата на екипата на Бел Мерцедес, која ја контролираше играта и успеа најпрвин преку Крсетски да израмни, а потоа преку Глигоров кој постигна вистински евро гол и да поведе со 2:1.

Овој резултат беше активен се до пет минути пред крајот, кога АСП ПАК доминантната игра и ризикот да игра во последните минути без голман, а со играч повеќе во поле, ја ефектуира со прекрасниот гол на Милошески за изразмнување, што беше и конечен резултат.

При изведувањето на пеналите повеќе нерви имаа играчите на АСП ПАК кои стигнаа до вториот трофеј во Вевчани.

Во малото финале Климент Колески, исто така, по изведување на пеналите, ја совлада екипата на ЕУРО СТИЛ од Охрид i стигна до бронзениот пехар, откако во регуларниот дел мечот заврши 3:3.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Александар Глигоров од Бел Мерцедес, најдобар голман Орце Лазески од Климент Колески, најдобар стрелец Христијан Петкоски.

Признаијата на победниците и најдобрите поединци на турнирот ги врачи Д-р Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, кој и оваа година беше одличен организатор и помагател на турнирот во мал фудбал „Вевчани 2016“.

OhridNews