Астероид со големина од околу 50 метри ќе прелета крај Земјата во недела навечер, соопшти интернет страницата на опсерваторијата ISON-NM, пренесува „Макфакс“.
Aстероид со големина од околу 50 метри ќе пролета крај Земјата
07.10.12 00:03
Астероид со големина од околу 50 метри ќе прелета крај Земјата во недела навечер, соопшти интернет страницата на опсерваторијата ISON-NM, пренесува „Макфакс“.
Новиот астероиди во близина на Земјата, бил откриен до страна на приватната опсерваторија Tенгара, во американската сојузна држава Аризона.
Бидејќи откривањето на овој астероид сѐ уште не е потврдено од другите опсерватории, објектот привремено ја носи ознаката TCT501. Дијаметарот на вселенско тело се проценува на 25 до 50 метри.
Во недела, во 17,03 часот по македонско време, астероидот ќе прелета на минимална оддалеченост од Земјата до 256,5 километри од Земјата, односно околу 0,6 од растојанието до Месечината.
Во моментов, објектот има светлината од 16 ѕвездени степени. Астрономите очекуваат да извршат фотометриски набљудувања на објектот, што ќе овозможи, особено, да се утврди периодот на неговото враќање.
OhridNews
извор:„Макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











