Од следната сезона (20121 година), после пауза од 61 година во Формула 1 шампионатот ќе се врати Астон Мартин.

Астон Мартин местото во Ф1 ќе го заземе од Рејсинг Поинт. Фузијата ќе достигне е вредна скоро 1 милијарда долари. Најголема заслуга за кам бекот на Астон Мартин во Ф1 има извршниот директор во Рејсинг Поинт, Лоренс Строл. Тој ќе остане на истата функција и после ребрендирањето на новиот Ф1 тим.

Историјата и брендот на Астон Мартин имаат големи барања и ние мора да одговориме на таквите предизвици. Ќе се екипираме во текот на сезонава, за другата да бидеме максимално подготвени за новата авантура. – изјави Строл.

Моментални пилоти во Рејсинг Поинт се Ленс Строл (син на Лоренс)  и ветеранот Серхио Перез. База на Астон Мартин ќе биде британската Ф1 трка Силверстоун.

OhridNews