Фудбалерите на Астон Вила забележаа многу важна победа во претпоследната рунда во Премиер лигата совладувајќи го Арсенал со минимални 1-0 на „Вила Парк“. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Трезеге.

Со победата и трите бодови, Астон Вила не само што се врати во игра за опстанок туку и побегна од опасната зона на табелата. Астон Вила местото му го предаде на Ватфорд.

Во пресрет на последната рунда од Премиер лигата, Астон Вила и Ватфорд имаат ист број на бодови но Астон Вила е едно место погоре на табелата поради гол разликата. Во 38-та рунда Астон Вила гостува кај Вест Хем додека Ватфорд ќе се судри со Арсенал на „Емирати“.

OhridNews