Екипата на Астон Вила е првиот учесник во финалето од англискиот Лига куп. Астон Вила билетот за Вембли го обезбеди со триумфот 2-1 над Лестер на домашен терен, откако првиот меч на „Кинг Пауер“ стадионот заврши без победник 1-1.

Астон Вила победата вредна пласман во финалето ја извојува со погодок во 90-та минута. Египетскиот интернационалец Трезеге беше стрелец на вредниот гол за Астон Вила. Претходно, домаќините на „Вила Парк“ поведоа со голот на Мет Тергет, а резултатот го изедначи Ихеначо.

Противник на Астон Вила во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“, дуелот пред своите гледачи ќе го започнат со предност од 3-1 после победата на Олд Трафорд.

OhridNews