Англискиот фудбалски клуб Астон Вила триумфираше во Лига Европа откако во финалето во Истанбул убедливо го совлада германскиот Фрајбург со 3:0.

Во финалето на стадионот „Бешикташ Парк“, избраниците на шпанскиот стратег Унаи Емери  доминираа против дебитантот во европско финале Фрајбург и заслужено стигнаа до трофејот.

Астон Вила поведе со голот на Јури Тилеманс, а предноста ја зголеми Емилијано Буендија со одличен погодок пред паузата. Конечните 3:0 ги постави Морган Роџерс во второто полувреме.

За клубот од Бирмингем ова е прв европски трофеј по 44 години и прв голем трофеј по 1996 година, додека Унаи Емери ја освои својата петта титула во Лига Европа, со што дополнително го потврди статусот на еден од најуспешните тренери во ова натпреварување.

Фрајбург, кој за прв пат играше европско финале, не успеа да направи сензација против поискусниот англиски состав, кој во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта и резултатот.

OhridNews