Даниел Гарсија Јарноз, и неговите колеги од Универзитетот Стратклајд во Глазгов ја анализирале базата податоци за вселенските објекти во близина на Земјата, која содржи податоци за околу 9.000 небесни тела. Тие избрале 12 астероиди кои може да се „приведат“ во една од ткн точки на Лагранж во близина на Земјата, изменувајќи ја нивната брзина на не повеќе од 500 метри во секунда. Во тие точки, две небесни тела ја балансираат гравитацијата едно со друго. Фатени во една од нив, објектите може да останат таму неодредено време, се вели во статијата објавена во списанието Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy, пренесува „Макфакс“.

Научниците ја нарекуваат новата класа астероиди „лесно-обновливи објекти“ (Easily Retreivable Objects – ERO). Тие претпоставуваат дека во догледна иднина, оваа класа ќе биде пополнета со помали објекти, кои сѐ уште не се откриени од страна на астрономите.

Еден од астероидите од новата класа означен како 2006 RH120 со големината од два до седум метри во пречникот, може да биде испратен во неговата точка Лагранж – L2 во системот Месечина – Земја, доколку неговата брзина биде променета на 58 метри во секунда. Добивајќи го импулсот на 1-ви февруари 2021 година, тој ќе пристигне на неговата дестинација за пет години.

Кога астероидот ќе се најде во точката Лагранж, ќе биде многу полесно да се организираат мисии за негово проучување или ископувања во неговата внатрешност. Во моментов сите ресурси на астероидите се наменети за две комерцијални компании „Planetary Resources“ и „Deep Space Industries“. Истовремено, американската агенција за вселенски истражувања NASA развива технологии за фаќање на астероидите во рамките на проектот за да се избегне опасноста од судир со Земјата. Проектот на вселенската агенција разгледува фаќање на 500-тонски астероид со размер на пречникот од околу седум метри, со помош на специјална „торба“ и негово влечење до елипсовидната лунарна орбита или во точката Лагранж – L2 од системот Месечина – Земја.

OhridNews
извор:„Макфакс