Пет победи едно реми и еден пораз по седум одиграни кола стои зад Охрид на второлигашката табела. Одличниот старт на сезоната се должи на напаѓачкиот фудбал, кој го негуваат охриѓани , а во таквата игра голем удел има најдобриот тандем во лигата Клечкароски и Атај , кои заедно досега постигнаа осум погодоци.Во наредното коло охриѓани гостуваат во Тетово кај Шкедија. Атај оптимистички најави : Одиме на три бода во Тетово.











