Водечките екипи на табелата во Серија А, Милан и Интер, не успеаја да ги остварат своите планови во 19-та рунда од „калчото“. „Росонерите“ неочекувано претрпеа висок пораз од Аталанта (0-3) на „Сан Сиро“ додека „нероазурите“ ги поделија бодовите со Удинезе, ремизирајќи 0-0.

Аталанта предводена од Јосип Иличиќ го растури Милан. Пулените на Џан Пиеро Гасперини одиграа маестрален натпревар во одбрана, неутрализирајќи го Златан Ибрахимовиќ, а во напад делуваа убоито и ефикасно, кога и да имаа прилика. Големиот триумф го најави Кристијан Ромеро, кој постигна погодок во првиот дел. Во вторите 45 минути, Аталанта продолжи каде што застана. Јосип Иличиќ од пенал зголеми на 2-0, а сите надежи на домаќините за позитивен резултат ги сруши Дуван Запата.

Интер, пак, не го искористи комплетно киксот на Милан, освојувајќи само бод „Фриули“, после ремито со Удинезе 0-0. „Нероазурите“ не одиграа на ниво, а на крајот од мечот страстите зоврија кај Антонио Конте, кој доби црвен картон од главниот судија Мареска.

Претходно, Рома во трилер меч со Специја победи со 4-3 и запиша нови три бодови на табелата во „калчото“. Токму Рома е екипата што им прави притисок на водечките во Серија А.

OhridNews