Вечерва претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов, пред симпатизерите и подржувачите на владејачката партија,  прогласи победа на кандидатот за претседател на земјава од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

Според резултатите кои ги изнесе Михаилов, а се однесуваат за општина Охрид, Ѓорѓе Иванов освоил 17 301 глас, Стево Пендаровски од СДСМ 11 418, Иљаз Халими од ДПА 348 и Зоран Попоски од ГРОМ 650 гласа.

Со тоа сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет освои уште една голема победа во првиот круг од претседателските избори, со што најавува уште поголема во вториот круг како на претседателските, така и на парламентарните избори.“ – изјави Михаилов.

Инаку, симпазитерите на ВМРО ДПМНЕ, вечерва на градскиот плоштад почнаа да ја прославуваат победата на нивниот кандидат за претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

OhridNews