На 5 септември во Камник (Словенија) ќе се одржи 26-то Светско првенство во планинско трчање. На ова првенство ќе настапат 39 земји од целиот свет меѓу кои е и Македонија.


Боите на Македонија ќе ги бранат следниве репрезентативци-ки: 

Сениори – 12 км
Ѓорѓи Трендафилов, Кокан Ајановски, Игор Јакимовски, Митко Костов, Александар Кираџиев
Сениорки – 8,5 км
Весна Кираџиева
Јуниори – 8,5 км
Александар Стојановски
Јуниорки – 4,5 км
Марија Стојчевска
 
Со репрезентацијата како водач  на пат и делегат на 27-от Конгрес  на Светската Асоцијација во планинско  трчање замина и Зоран Димов.

Исто така од АФМ и известување за одржување на Редовно собрание што ќе се одржи на 4 септември 2010 година (сабота) со почеток во 11 часот во просториите на Општина Тетово во Тетово, .

Ohridnews