Охриѓанките Јулијана Вељаноска и Алксандра Спасеска имаа успешени настапи на митингот “Отварање на сезоната“ кој во организацијата на Атлетската федерација на Македонија се одржа во Охрид.


Вељановска триумфираше во две фрлачки дисциплини. Во фрлање диск победи со фрлени 34 метри и 54 сантиметри, додека во фрлање ѓуле победи со резултат 10 метри и 50 сантиметри. Единствено во фрлање копје Велјановска беше второпласирана зад клупската колешка Маргарита Арсовска која фрли 33 метри и 10 сантиметри.

Александра Спасеска од АК Охрид победи во скок во далечина (5,13 метри) и во трискок (10,97 метри). Во дисциплината 100 метри во женска конкуренција победи Валбона Селими од АК Лирија со резултат 13.02, пред Спасеска и Василевска.

На 800 метри во женска конкуренција победи Фросина Вандеска (3 Ноември) со резултат 2:47.24 пред Јована Целеска од Охрид и Линдина Дани од АК Дрини старт, додека на 400 метри меѓу девојките триумфираше Дрита Ислами од АК Лирија.

 

Најдобри постигнувања на митингот забележаа Кристијан Ефремов кој триумфираше на 100 метри (11.16) и 400 метри (49.94), додека Јованче Јанковски (АК Перпетуу Мобиле) во скок во височина прескокна со нов личен рекорд, 203 сантиметри.

Во скок во далечина во машка конкуренција победи Роберто Стевиќ од АК Перпетуу Мобиле со резултат од 6,61 метри, пред Кастрат Бешири (Студенти) – 6.36 и Блаже Љушев (Охрид) – 6.10.

ohridnews