Атлетико Мадрид го официјализираше ангажманот на Луис Суарез, откако „црвено белите“ најдоа заеднички јазик со екипата на Барселона.

„Јорганџиите“ на Барселона ќе и исплатат 6 милиони евра оштета за Суарез, а фудбалерот на „Ванда Метрополитано“ стадионот ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Луис Суарез најблиску до трансфер беше во Јувентус, но откако медиумите открија лажирање на испитот за италијански јазик преселбата беше стопирана.

Уругваецот на Ноу Камп се пресели во 2014 година од Ливерпул. За шест сезони во клубот Луис Суарез одигра 283 натпревари и успеа да постигне 198 гоови.

OhridNews