Шпанскиот тим Атлетико Мадрид испрати официјална понуда до Челси за услугите на Диего Коста. Понудата на „јорганџиите“ изнесува 55 милиони евра плус 10 милиони за дополнителни бонуси.
Диего Коста не е во плановите на менаџерот на „сините“, Антонио Конте по караницата која ја имаа во јануари месец оваа година. Тој ја доигра сезоната, но веднаш потоа беше известен за неговиот статус на Стемфорд Бриџ.
Атлетико Мадрид поради забраната од ФИФА за трансфери немаше право да купува во летниот преоден рок, а прв трансфер ќе им биде најверојатно Диего Коста.
Доколку „сините“ ја прифатат понудата Бразилецот со шпански пасош ќе биде најскапиот фудбалери во историјата на Атлетико Мадрид.
OhridNews