Шпанската Примера има нов владетел во името на Атлетико Мадрид. „Црвено белите“ ја освоија јубилејната десетта титула и ја прекина доминацијата на Барселона и Реал Мадрид.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на „Ноу Камп“ против Барселона одиграа без победник 1-1 и го положија шампионскиот испит. Каталонците поведоа со погодокот на Алексис Санчез, но погодокот вреден за реми и титулата го постигна Диего Годин.

Резултати : Барселона – Атлетико Мадрид 1-1, Реал Мадрид – Еспањол 1-1, Валенсија – Селта Виго.

Мх.П.