Пред вечерашното градско дерби во Ла Лига, Атлетико Мадрид објави дека нема да го удостои Реал Мадрид и со таканаречениот традиционален „шпалир“ да му ја честита шампионската титула во Шпанија.

Меѓутоа, тренерот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот Диего Симеоне, порача дека Реал нема да добие таква честитка од почитување кон домашните навивачи.
Не знам дали постои „шпалир“ во другите лиги. Секое општество е поинакво. Шпанија има таква традиција, но таму од каде што јас доаѓам тоа не се практикува. Го почитуваме Реал, но уште повеќе ги почитуваме нашите навивачи, изјави Симеоне.










