Клаузулата во договорот за колумбиската машина за голови изнесува 60 милиони евра, а неколку екипи се заинтересирани за потписот на Фалкао.
Најзагреан за неговите услуги е Монако, кој сезонава со големи амбиции се врати во француската лига. Неодамна во трката се приклучи Манчестер Сити, а Колумбиецот е голема желба на Роман Абрамович.
Тренер на екипата е Клаудио Раниери, а покрај интересот за Фалкао “кнезовите“ во своите редови ги сакаат Карлос Тевез, Патрис Евра, тандемот на Порто, Џексон Мартинез и Џејмс Родригез.