Лидерот во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид ја заврши потрагата по фудбалер за навалната линија, ангажирајќи го Муса Дембеле од француски Лион.

Дембеле во дресот на „јорганџиите“ до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер, а потоа, шпанците ќе го откупат во трансфер вреден 35 милиони евра.

Дембеле на „Ванда Метрополитано“ стадионот ќе го замени Диего Коста, кој си замина од клубот.

Лион празнината на Дембеле ја пополни со доведување на Слимани од англискиот премиерлигаш Лестер.

  • Милан го мерка Марио Манџукиќ

Екипата на Милан може да добие екстра засилување во борбата за титулата во Серија А, ако клубот успее да најде заеднички јазик со Марио Манџукиќ.

Хрватот моментално е слободен фудбалер и интересен за неколку клубови. Милан остварил контакти и во најскоро време треба да се знае исходот од преговорите.

Манџукиќ остави добар белег во Серија А, настапувајќи пет сезони за Јувентус.

OhridNews