Атлетико Мадрид е победник во “Кралскиот куп“. “Црвено белите“ во финалето кое се одигра на “Сантијаго Бернабеу“ го совладаа со 2-1 градскиот ривал Реал Мадрид по дополнителните триесет минути откако регуларниот дел заврши без победник 1-1.


“Лос бланкос“ одлично го започнаа финалниот натпревар кога Кристијано Роналдо погоди за 1-0 во 14-та минута. Егал на семафорт 1-1 донесе Диего Коста во 35-та минута, а со тој резултат заврши мечот.

Во деветтата минута од продолжението Миранда го постигна победничкиот погодок за Атлетико Мадрид и донесе неизмерна радост за фудбалерите.


До крајот на натпреварот најдобриот поединец во составот на Реал, Роналдо заработи директен црвен картон, а силите се израмна кога втор жолт, автоматски црвен доби Фернандез.

Мх.П.